Убавините на Македонија

За Академијата


Во рамките на Балканскиот фестивал за деца и младина ,, Арт Амфора,,,кој се одржа во Банско,Р.Бугарија од 28.09 до 4.10.2009 год. се изроди една иницијатива за формирање (востановување) на една БАЛКАНСКО–ЕВРОАЗИСКА АКАДЕМИЈА НА ФИЛМСКИТЕ И ТЕЛЕВИЗИСКИ ТВОРЦИ. Во таа насока,уште таму беше изготвен, како првична информација овој

 

Протокол

 

Членови на Академијата можат да бидат истакнати, меѓународно етаблирани и признати (на домашни и странски ТВ и филмски фестивали) автори, сценаристи, ражисери, сниматели, монтажери, тон-мајстори,сценографи, филмски критичари, мајстори на светло,автори на филмска музика како и други сродни професии ( кои ке се донесат во договор со Управниот Одбор на Академијата) а поврзани со филмската и ТВ дејност.

Примањето на членовите, односно зачленување ќе се врши доброволно, а по препорака на најмалку две сродни асоцијации или по препорака на видни авторитети од наведените дејности.

Цели на асоцијацијата ќе бидат потикнување, развивање и продлабочување на филсмкиот и телевизиски израз. Развој на кинематографијата, едукација на млади кадри, изнаоѓање на начини низ разновидни содржини (филмски и телевизиски) да се дојде до приближување и подлабоко запознавање на народите( култури, обичаи, традиции, религии и слично). .
Начин на практично дејствување. Академијата во своите редовни активности ќе организира( секоја година по неколку, во разни држави) во границите на своите финансиски можности)семинари на одредени теми, курсеви за дошколување, доквалификување, панел-дискусии,преку кои ќе се едуцират и наведуваат нови прашања, форми и ќе се даваат нови ТВ и филсмки содржини, се со единствена цел, да се дојде до поблиско запознавање на народите и нивно поврзување.

Членовите (се разбира оние со меѓународно педигре) ќе имаат можности своите искуства и знаења да ги демонстрираат и низ многубројните државни и приватни универзитети и сродни академии.

Академијата своите активности ќе има можност да ги реализира преку постојните меѓунардни фестивали и сродни други културни манифестации во светот, а во најскора иднина ќе направи напори да востанови свој автентичен меѓународен ТВ фестивал.
.
Финансирање. Секој огранок на Академијата во дотична држава ќе направи обид ( со предходно изготвен оперативно-програмски план )да влезе во одредени министарства од каде ќе добие содветна помош. Интересни министерства кои што можат да помогнат се Министерството за Култура, Еко,Образование, Надворешни работи...потоа сродни Филсми академии, Европски фондови, Домашни филмски фондови, разни асоцијации, приватни фондации ( домашни и странски) Грантови за одредени програми,приватни донатори и слично..
Информирање. Ќе се отвори сопствен сајт, со што ќе се информира пошироката домашна и странска јавност. Ќе се информираат сите странски дипломатски преставништва (ќе им се достави програма за активности)Ќе бидат информирани сите домашни и странски културни и сродни институции и асоцијации а Академијата ќе биде секојдневно присутна преку мас-медиумите за да може да ги активира своите активности. .
Управен одбор. Највисок орган Управниот Одбор на чело со Председател и 3 потпретседатели,како и 5 членовио( секретар,портпарол, уметнички директор, технички директор,генерален секретар) Мандатот, заради континуитет ќе биде по 3 години, почнувајки од 2010 год. .
Седиште на Академијата , како и регистрацијата ќе биде во Скопје, Р.Македонија во просториите на МРТВ.

Академијата ќе располага со сите легални документи ( Стаут, деловник и сл )официјално заверени на нотар и преведени на англиски јазик. Истите ќе ги добијат и Потпретседателите ( за да можат да реагираат кај надлежните органи во сопствените држави)
.
Чланарина Секој член на Академијата ќе биде задолжен да плаќа годишна членарина, а за истите ќе се изготват членски карти, односно ПАСОШИ ( испишани на два или три јазика) на кој ќе биде втиснато логото колку повеке се познаваме, толку повеќе ќе се почитуваме . .

Со консензус за Претседател на Иницијативниот Одбор беше избран
Д-р Мишо Нетков

Членови на Иницијативниот Одбор

1.Андреј Власенко-филмски и ТВ критичар – Русија
2. Академик Пјасик Сергеи мироновиќ-режисер,сценарист-Казакстан
3.Ратко Орозовиќ-Режисер и филмски критичар-Босна и Херцеговина
4.Румен Николов-Главен уредник БРТ –Р. Бугарија
5.Академик Александар Михаилов-композитор – Р.Бугарија
6.Сталин Лозановски-слободен автор,бублицист- Р.Македонија
7.Гербер Августина-Главен редактор ТВ Дизелдорф- Германија
8.Д-р Мишо Нетков-сценарист ( документарист) МРТВ-Р.Македонија

Банско, Р. Бугарија
01.10.2009
За Иницијативниот Одбор
Д-р Мишо Нетков (МРТВ –МК)

Балканско-евроазиска академија
на филмски и телевизиски творци

Скопје - Македонија


Balkan-eurasian academy
of TV and film autors

Skopje - Macedonia

Контакт информации

Бул. Гоце Делчев б.б (МТВ) 1000 Скопје Македонија
моб: ++389 75 237 009; ++389 70 363 808
e-mail: beaftt@yahoo.com
            mnetkovtv@gmail.com             info@beaftt.com.mk