Убавините на Македонија

Дел од Статутот на Академијата:
Цели, задачи и начин на дејствување ...


Член 11

 

Цели и задачи на Здружението се:

 

Развој, ширење и унапредување на филмското и телевизиското творештво, меѓуетничка доверба, градејќи мостови преку своите дела , кои ќе придонесат за зближување меѓу народите, нациите и националностите, реализирајќи мултиетнички и мултикултурни проекти од областа на филмот, телевизијата, продукцијата, како и нивна транспарентност на разни домашни и светски фестивали;

Развој, ширење и унапредување на филмскиот и ТВ израз;

Развивање на професионализмот и стручноста во мултикултурниот филмски и ТВ израз.

Развивање на филмското и ТВ мултиетничко творештво во Република Македонија и низ светот.

Поттикнувањето на слободата и квалитетот на мултинационалното филмско и ТВ творештво.

Грижа за афирмацијата на мултикултурата во сите електронски медиуми и нејзините вредности, како мост меѓу цивилизациите..
Грижа за заштита на личните и заеднички интереси на своите членови..
Грижа за авторската заштита на творецот во неговите дела и професионалниот углед на членовите на Здружението..
Обезбедува присуство и акредитации на своите членови на домашни и странски фестивали. .
Целите и задачите ги остварува преку:.
Преземање на сите потребни мерки и активности за остварување на целите и задачите на Здружението..
Развивање на разновидни активности со кои се остваруваат и задоволуваат културни, стручни, технички, образовни и други интереси;.
Следење на состојбата и спроведување на истражувањата од областа на мултиетничкото и ТВ творештво..
Покренување иницијативи и активности кои придонесуваат за развој и унапредување на мултиетничките филмски и ТВ вредности..
Подготовка на проекти и програми и овозможување на нивна практична реализација ..
Реализација на проекти кои имаат воспитно-едукативна функција..
Подготовка на редовни годишни извештаи за состојбата во македонското мултиетничко творештво како и во другите земји, членки на Здружението ..
Печатење на брошури, плакати и друг пропаганден материјал во функција на целите и задачите на Академијата..
Соработка со други исти или сродни здруженија во земјата и странство, како и учество на манифестации, фестивали и слично, кои се од заеднички интерес и ги афирмираат мултиетничките и мултинационални вредности во Република Македонија, за подготвување на млади кадри од областа на мултикултурата, без национални оптеретувања и заблуди..
Организирање на предавања од типот на семинари, работилници и други форми..
Доставување на предлози и сугестии до надлежните органи и организации во Републиката и светот за развој и унапредување на мултиетничка култура..
Покренување на иницијативи за донесување и дополнување на дописите и други нормативни акти од областа на ТВ и филмот како и други облици на дејствување во рамките на активностите на мултиетнички план..
Покренување на иницијативи за продлабочување на мултикултурата како и организирање на док.интернационален мултиетнички фестивал во Република Македонија (со променливо место на одржување)..

Балканско-евроазиска академија
на филмски и телевизиски творци

Скопје - Македонија


Balkan-eurasian academy
of TV and film autors

Skopje - Macedonia

Контакт информации

Бул. Гоце Делчев б.б (МТВ) 1000 Скопје Македонија
моб: ++389 75 237 009; ++389 70 363 808
e-mail: beaftt@yahoo.com
            mnetkovtv@gmail.com             info@beaftt.com.mk