Програма за работа


Балкансканско-Евроазиска Академија на филмски и телевизиски творци, Скопје, се основа како резултат на слободно изразената воља на граѓаните на здружување, а со цел остварување заштита и усогласување на своите интереси и уверувања, како и поради вршење на дејности и активности за подобрување и унапредување на филсмото и ТВ творештво, преку разновидни стручни семинари и работилници во рамките на програмските активности на Академијата или преку неа во разни високообразовни институции.

Примарна задача на Академијата е во своите редови да зачленува претежно млади, амбициозник и талентирани луге, кои се докажале на полето на филмското и ТВ творештво.

Својата работа Академијата ке ја насочи кон обезбедување на материјални средства од спонзори, донатори а ке користи и други облици на финансирање,предвидени со Статутот на Академијата, а кои се неопходно потребни за остварување на предвидените цели и задачи на Академијата, како и за унапредување и создавање услови за подигнување на севкупниот квалитет на Академијата.

Со оглед на специфичноста на дејноста на Академијата, нејзините членови ке развиваат и негуваат мултикултурни контакти со сродни асоцијации низ светот, докажувајки јка универзалноста , безграничноста и беЗвременоста на уметноста.

Во рамките н а своите можности, Академијата ке востанови и меѓународни филмскио и ТВ фестивали од својата струкова дејност. Со цел да се развива и унапредува филмското и ТВ творештво со нови форми и содржини, Академијата во рамките на своите активности посебно внимание ке посвети на дошколувањето на своите членови, како и стручно усовршување на одредени филмски и ТВ професии( дефицитарни или специфични) преку високообразовни институции во ширум светот.

Со цел да ги докаже и манифестира достиогнувањата од одредени филмски и ТВ содржини, Академијата ке организира и вопстановува Филмски и ТВ фестивали, секаде онаму каде што има можности и активни членови на одредена тематика ( етно-филм,еко-филм, ...)преку кои ке ги зближува и поврзува творците од целиот свет и ке развива мултикултурни вредности со една и единствена цел " колку повеќе се познаваме,толку повеќе ке се почитуваме"


 

Балканско-евроазиска академија
на филмски и телевизиски творци

Скопје - Македонија


Balkan-eurasian academy
of TV and film autors

Skopje - Macedonia

Контакт информации

Бул. Гоце Делчев б.б (МТВ) 1000 Скопје Македонија
моб: ++389 75 237 009; ++389 70 363 808
e-mail: beaftt@yahoo.com
            mnetkovtv@gmail.com             info@beaftt.com.mk